HomeДЕНЕШНАРепубликаПротести во Штип за спас на паркот од урбанизација во населбата „8 Ноември“

Протести во Штип за спас на паркот од урбанизација во населбата „8 Ноември“

Штипјани револтирани од зафатите за урбанизација на паркот во населбата „8 Ноември“, вчеравечер започнаа граѓански протест со паролата „Паркот не го даваме“.

Потенцираат дека полицијата ја намало да го заштити правото на протест согласно Уставот. На синоќешниот протест беа блокирани две артерии, додека за наредниот најавуваат блокирање на три сообраќајни артерии.

Граѓаните преку протестот јасно и недвосмислено кажаа дека паркот во населбата „8 Ноември“ не смее да биде деловен комплекс. Дополнително се револтирани што досега надлежните институции молчат и не се спротиставија на идејата во паркот да никнат градби.

stip protest 2

Граѓански асоцијации сметаат дека продажбата е незаконска со оглед на тоа дека општината не ги усогласила старите планови со новите урбанистички планирања. Граѓаните поднесоа барање, но и кривични пријави против градоначалникот, за кои сеуште чекаат одговор од Јавното обвинителство.

Ова беше првиот од низата протести, кој според најавите ќе се случува секоја среда, се додека институциите не направат некој чекор против урбанизациија на паркот во „8 Ноември“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com