HomeДЕНЕШНАРегионПротести во Пеќ против демаркацијата на границата со Црна Гора

Протести во Пеќ против демаркацијата на границата со Црна Гора

Неколку илјади Албанци протсетираа вчера во Пеќ против демаркација на границата со Црна Гора, порачувајќи дека нема да дозволат косовска земја да и се подарува на Црна Гора. Протестот бил организиран од опозициското движење „Самоопределување“, кое тврди дека во процесот на демаркација Подгорица добила дел од територијата на Косово.

Собирот го предводел некогашниот градоначалник на Пеќ, Али Лајци, кој претходно беше член на Демократското движење на Косово на премиерот Иса Мустафа, а на протестот присуствувал и лидерот на „Самоопределување“, Висар Имери. Според Лајци, доколку Собранието го изгласа предлогот за демаркација, пратениците треба да знаат дека тоа ќе предизвика политички тензии и криза.

Полицијата соопшти дека протестот бил мирен и без инциденти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com