HomeДЕНЕШНАПолитикаПротестирам: Слобода за приведените, полицајците да се придружат на народот

Протестирам: Слобода за приведените, полицајците да се придружат на народот

Група на демонстранти се упати пред просториите на Полициската станица „Беко“ во центар каде се бара ослободување на притворените во вчерашните протести. Според граѓанските организации станува збор за десетина нивни членови кои не го нарушувале јавниот ред и мир и протестирале согласно законите, но при интервенцијата на полицијата и разбивањето на толпата, специјалците ги уапсиле тие што први им се нашле на патот.

Со оглед на загревањето на страстите на вчерашните протести и тешката задача на полицијата, демонстрантите им извикуваат повици на поддршка барајќи да им се приклучат на народниот протест и да ги спуштат штитовите, повторно апелирајќи да нема никакви излици на насилство. Ние сме со вас, е главната порака на демонстрантите кон полициските припадници.

Од Хелсиншкиот комитет исто така посочија дека нема правен основ за држење на демонстрантите во притвор нудејќи има адвокатска помош, додека пак Студентскиот пленум посочи дека селективно биле приведувани нивни членови.

Автор: Христијан Станоевиќ

Фото: Кристина Атовска

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com