HomeДЕНЕШНАРегионПротекоа снимки на Милановиќ со бранителите: БиХ е “шит“, Србите се “шака јада“

Протекоа снимки на Милановиќ со бранителите: БиХ е “шит“, Србите се “шака јада“

Србите се „шака јада, мал народ, а БиХ не е држава туку, „биг шит“, вели лидерот на Народната коалиција на претстојните вонредни парламентарни избори, поранешен премиер и сегашен кандидат за премиер на Хрватска, Зоран Милановиќ на состанокот со хрватските воени ветерани на којшто разговараа за српскиот Закон за универзална јурисдикција за воени злосторства.

Хрватскиот дневен весник „Јутарнји лист“ на интернет страницата објави аудио снимки од состанокот кој бил тајно сниман и на којшто Милановиќ кажува навреди за Србите и за Босна и Херцеговина. Бранителите повикуваат на разум и покрај негативниот став на Милановиќ. За време на својот мандат Милановиќ немаше добри односи со бранителите, но во оваа кампања се чини дека сака да воспостави со нив подобра комуникација за да освои повеќе гласови.

На снимката се слуша како хрватските ветерани од него бараат смирување на тензиите со Србија и дијалог со српскиот премиер Александар Вучуќ. Милановиќ вели дека Србија не е никаква дипломатска сила, дека „Србите се мал народ, „шака јада“ и ги наговара да не одржуваат состанок со Вучиќ бидејќи тоа според него, е понижување.

„Ние сме во многу подобра ситуација. Србите ја изгубија војната, ние не сме осудени во Хаг. Овој закон ја става Србија во позиција на „мал Хаг“. Ќе чекаме да бидат ранети, а потоа ќе ги блокраме преговирте“, вели Милановиќ.

Освен за Србија тој зборува и за БиХ која, според него, е уште поголем проблем од Белград. Тој не е воодушевен од ситуацијата во БиХ, за којашто вели дека е „биг шит“ и се жали дека во Сараево нема со кого да се разговара.

Тензиите меѓу и Хрватска и Србија почнаа по донесувањето на Законот за воени злосторства, кој и овозможува на Србија да ги уапси оние лица кои ги смета за воени злосторници на територијата на Србија. Хрватска бара повлекување на Законот и поради овој Закон се заканува дека ќе ги блокира преговорите на Србија со Европската Унија, чија членка е Хрватска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com