HomeДЕНЕШНАЕкономијаПросечната плата 22.187 денари, просечно семејство не може да го протурка месецот

Просечната плата 22.187 денари, просечно семејство не може да го протурка месецот

Просечната нето плата за јуни изнесува 22.187 денари објави Државниот завод за статистика. Во однос на јуни лани таа се зголемила за 0.7%, но во однос на мај се намалила за 0.6%. Според Македонска платформа против сиромаштија 70% од работниците имаат примања под оваа сума.

Најдобро се платени работниците од секторот финансии и осигурување, просечната плата кај нив е 38.880 денари. Следуваат снабдување со електрична енергија и гас со 37.000, информации и комуникации со 36.800 денари. Наслабо платени се работниците во хотелиерството, просек по околу 15.000 денари, па земјоделството и преработувачката индустрија со по 16.000. Како поединечни професии најдобро платени се програмерите со по 51.445 денари, а најслабо платени се кожарите и чевларите со по 11.571 денар.

Една просечна плата не е доволна за едно семејство да го протурка месецот. Според минималната синдикална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на просечно домаќинство му се потребни 32.325 денари. Оваа пресметка се однесува на февруари годинава, оттогаш ССМ ги нема обновено податоците.

Најголем дел од овие пари 13.427 денари или 41.5% одат за храна и пијалаци. За трошоци за домување биле потребни 10.464 денари или 32.5%, за хигиена 2.254 денари или 7%, за превоз 2.340 денари или 7%, за облека и обувки 2.086 или 6.5%, за култура останувале 1.070 денари или 3.5%, а за здравство 684 денари или 2%.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com