HomeДЕНЕШНАЕкономијаПронајден сомнителен предмет во РЕК Битола, СДСМ реагира

Пронајден сомнителен предмет во РЕК Битола, СДСМ реагира

Денеска не беше пуштен во функција Блокот 1 во РЕК Битола поради пронајден предмет на невообичаено место. Раководството пријавило во битолската полиција. Нема повредени работници.

Од СДСМ велат дека се случил хавариски испад на сигурносни вентили на првиот блок во Рударско енергетскиот комбинат, а полицијата е повикана бидејќи се сомневаат на диверзија.
„Раководните кадри од РЕК Битола ги обвинуваат вработените дека станува збор за диверзија за што повикана и полиција, па сега дел од вработените во БЛОК 1 се на испитување, се земаат изјави, отисоци, односно се преземаат полициски работи како за кражба на банка, изјави Благојче Котевски од ОО на СДСМ-Битола.

Во вторникот тројца работници од фирма изведувач во РЕК Битола, беа префрлени во битолската болница, откако вдишиле поголемо количество прашина, затоа што неочекувано се вклучил млинот за јаглен додека тие работеле во термоблокот кој започнал да испушта голема количина на прашина. И за овој настан полиција, обвинител и трудов инсепктор извршија увид, а причините дополнително ќе се утврдуваат.

СДСМ побара оставка од раковоството на РЕК и ЕЛЕМ.
„Ваквата состојба во РЕК Битола се должи на незнаење, поставување партиски кадри и недисциплина во овој стратешки објект, со што во опасност се животите на вработените и целокупната оперма во комбинатот“ – велат од СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com