HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосПронајден најстариот кислород во вселената

Пронајден најстариот кислород во вселената

Група на научници од Јапонија објавила дека пронашла кислород стар 13.1 милијарда години. Тие до овој податок дошле со помош на најголемиот радио сателит на земјата кој се наоѓа во Чиле. Велат дека е пронајден најстариот кислород кој до сега човештвото можел да го виде. Научниците од универзитетот во Осака и со Националната астрономска опсерваторија во Јапонија, дошле до овие откритија проучувајќи ја галаксијата стара 13.1 милијарда години.

Тие откриле дека откриле атоми од кислород во материја која лута во галаксијата. Тоа значи дека кислородот постојал 0.7 милијарда години бидејќи вселената била создадена пред 13.8 милијарда години. Ова претставува прво такво откритие на кислород во толку многу стари слоеви од вселената. Научниците тврдат дека густината на кислородот о таа галаксија е десет пати помала отколку во Млечниот пат, нашата галаксија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com