HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаПронајден легендарниот замок на кралот Артур?

Пронајден легендарниот замок на кралот Артур?

Британски археолози, во близина на замокот Тинтаџел во грофовијата Корнвол во југозападниот дел на Англија, пронајдоа урнатини од палатата за која веруват дека потекнува од шестиот век – период за кој се верува дека легендарниот крал Артур можеби живеел, пишуваат британските медиуми.

Според податоците на научниците, замокот со еден метар дебели ѕидови припаѓал на Думнонија, кралство во југозападна Велика Британија.

Археолозите претпоставуваат дека објектот датира од шестиот век, а во тоа време, според големиот број легенди, покрај селото Тинтаџел во семејството на британскиот крал и жената на локалниот владател се родил кралот Артур.

Ископувањата се прават како дел од петгодишниот археолошки проект за да се дознае повеќе за историските локалитети од периодот на петтиот до седмиот век.

Користејќи ја најновата технологија, Археолошката единица на Корнвол ги откри ѕидините на палатата и повеќе од 150 грнчарски и стаклени предмети кои се увезени од некои егзотични локации. што значи дека во замокот биле населени богати поединци.

Научнците наведуват дека пронајдокот предизвикал големо интересирање и дека урнатините можат да станат едни од главните атракции на Велика Британија. Освен тоа, ова е прв замок од тој период кој е добро сочуван.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com