HomeДЕНЕШНАСветПронајдени 45 килограми муниција во стан на екстремист во Холандија

Пронајдени 45 килограми муниција во стан на екстремист во Холандија

Во стан во Ротердам, кој се доведува во врска со спречен терористички напад во Франција, се пронајдени околу 45 килограми муниција, соопшти холандското Јавно обвинителство. Во овој стан, по барање на Франција, на 27 март беше уапсен францускиот државјанин Анис Бахри, кој се наоѓа во холандски притвор се додека властите не одлучат околу неговата екстрадиција во Франција.

Постои сомнеж дека тој планирал напад во Франција во име на Исламска држава, заедно со Ред Крикет, уште еден осомничен, кој е уапсен во близина на Париз, неколку дена пред Бахри.

– Пронајдовме околу 45 килограми муниција, вклучувајќи и два вида на куршуми кои можат да се користат за „калашников“, изјави портпаролот на канцеларијата на холандското обвинителство, Вим де Бруин. Портпаролот потврди дека во станот не бил пронајден експлозив, ниту оружје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com