HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосПронајдена црна дупка 17 милиони пати поголема од нашето сонце!

Пронајдена црна дупка 17 милиони пати поголема од нашето сонце!

Во пуст и сосема неочекуван дел од вселената, астрономи успеале да пронајдат огромна црна дупка, која има околу 17 милиони пати поголема маса од нашето сонце. Научници од универзитот во Калифорнија објавија дека ваквите големи дупки во сосема неочекувани делови од вселената се многу почести отколку што можеме да замислиме. „И додека пронаоѓањето на вака големи црни дупки во населен дел од вселената е сосема очекуван, помалку е веројатно дека овие црни дупки би можеле да се најдат во „преградјата“ на вселената“, соопштија астрономите.

Инаку, на местата каде галаксиите се богати со ѕвезди, каде научниците порано наоѓале големи црни дупки, сега тоа е вистинска реткост. Оние помалите како НГЦ 1600 во која е и пронајдена оваа огромна дупка, се многу почести, но, до сега не се знаело дека тие можат да бидат домаќини на вака големи дупки. „Можеби постојат уште многу големи црни дупки на места кои човекот не може ниту да ги замисли“, изјави Чунг-Пеи Ма, коавторот на овие истражувања. Ваквите огромни црни дупки би можеле да имат маса како неколку милијарди сонца. Уште помалку се знае за настанокот на овие толку масивни црни дупки, а најголемата некогаш откриена имала маса 21 милијада пати поголема од нашето сонце.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com