HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжува судењето за „Диво Насеље“, се сослушуваат заштитените сведоци

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, се сослушуваат заштитените сведоци

Денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година. Денешното рочиште, како и неколуте претходни, е затворено за јавноста, односно на новинарите не им е дозволено присуство, бидејќи се сослушуваат заштитени сведоци, предложени од Обвинителството.

До крајот на месецов, односно на 28 јули е закажано уште едно рочиште, исто така затворено за јавноста, по што страните во процесот ќе се договорат дали ќе се направи пауза или ќе се закажат следни термини за расправата и во текот на август. По ова рочиште, според информациите, странките во процесот и судот треба да се договорат кога ќе продолжат со рочиштата од судскиот процес.

Колку за потсетување, случајот за „Диво Насеље“ почна одново. Обвинети се 29 лица за тероризам, кои се товарат дека биле дел од кумановска група за тероризам и терористичка организација. Групата на 9 и 10 мај минатата година се судри со безбедносните сили во кумановско, каде беа убиени 8 полицајци, а 14 беа потешко повредени.

Денеска во Скопје е забележано зголемено полициско присуство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com