HomeДЕНЕШНАРепубликаПродолжува распитот на „Алфите“ осомничени за апсењето на Бошкоски

Продолжува распитот на „Алфите“ осомничени за апсењето на Бошкоски

Денеска продолжува распитот на двајцата припадници на специјалната единица „Алфи“ кои го апсеа лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и другите припадници на оваа единица што го апсеа Бошкоски, се очекува да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1.

Минатата недела распитот се одложи откако шестмината осомничени во случајот наречен „Тортура“ побараа дополнително време за увид во предметот.

Тие во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство се товарат дека нечовечно постапувале при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија.

Како што образложи Специјалното обвинителство, врз основа на доказниот материјал има основано сомнение дека на ден 6 јуни 2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарните избори, првоосомничениот – директор на УБК, поради дискриминација врз основа на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени -полициските службеници во единицата „Алфи“, во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице – оштетениот Љубе Бошковски, да му предизвикаат душевно страдање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com