HomeДЕНЕШНАПолитикаПродолжуваат препукувањата за Јазлеста кожа – маката на сточарите не завршува

Продолжуваат препукувањата за Јазлеста кожа – маката на сточарите не завршува

Болеста „Јазлеста коса“ се уште се шири и го коси добиточниот фонд во Македонија предизивкувајќи штети за месната и млечната индустрија, велат од опозициската СДСМ од каде бараат државата веднаш да почне со исплата на штетите за оние сточари на кои им се одземени и убиени животни. Не може да има пари за споменици и нови барокни фасади, а да нема за сточарите, велат од СДСМ. Тие тврдат дека Владата не ја информирала навреме Светската здравствена организација за состојбата со болеста во земјава.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш со демант. Во соопштението се наведува дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство напорно и континуирано работат на спречување на ширењето на болеста „Јазлеста кожа“ кај говедата и во согласност со протоколите на Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните сите итни и неопходни физичко-технички мерки, во смисла на изолирање на болните животни, нивното не штетно отстранување, поставување на бариери за дезинфецкија и формирање на заштитни зони беа веднаш преземенеи и беше спречено неконтролирано ширење на болеста.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com