HomeАНТИСТРЕСПатувањеПрогласен е најдобриот ресторан во светот

Прогласен е најдобриот ресторан во светот

Италијанскиот ресторан „Остерија Франческана“ на свеченоста која се одржа во понеделникот во Њујорк е прогласен за најдобар ресторан на светот поради своето инвентивно справување со традиционалните италијански јадења.

На листата Најдобри 50 светски ресторани, победничкиот италијански, кој се наоѓа во Модена, го зазема првото место, додека второто му припадна на минатогодишниот победник, каталонскиот ресторан „El Celler De Can Roca“ во Гирона, а третото место го зазема „Eleven Madison Park“ во Њујорк.

„Амбициозните креации на шефот совршено го урамнотежува барањето на традицијата и современата ера“, велат составувачите на листата за Масимо Ботура, шеф готвач на „Osteria Francescana“.

Повеќето од половината од рестораните во првите 50 се наоѓаат во Европа. Шест се во САД, шест во Јужна Америка и пет во Азија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com