HomeРЕФЛЕКТОРДизајнПровокативната Наоми заштитно лице на есенската колекција на Ријана (ФОТО)

Провокативната Наоми заштитно лице на есенската колекција на Ријана (ФОТО)

После соработката на пејачката од Барбадос Ријана, со светски популарниот бренд на спортска гардероба „Пума“, во рамките на колекцијата „Fenty Fur Slide“ се појавија фотографии од манекенката Наоми Кембел во новата кампања „Фенти Пума“ за 2016 година. Наоми Кембел неодамна стана заштититно лице на есенската колекција на „Пума“, која ја дизајнираше популарната пејачка, а со заводливите пози, се обиде на најдобар начин да ја претстави гардеробата.

Иконата на стилот и британскиот супермодел го одзима здивот во едиторијалот на италијанскиот магазин „Вог“. Патиките на висока платформа, чизмите над колена и дуксерите со долги ракави и капи изгледаат неверојатно добро на преубавата Наоми.

Naomi-2

Naomi-3

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com