HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПроблеми за Конте, се повреди и Пеле

Проблеми за Конте, се повреди и Пеле

Селекцијата на Италија пред Европското првенство продолжува да има сериозно проблеми со здравјето на играчите, бидејќи сега се повреди и напаѓачот Грациано Пеле. Напаѓачот на Саутемптон на тренинг со репрезентацијата заработил повреда на коленото и веднаш го напуштил теренот, а се уште не е познато колку е сериозна повредата и колку ќе отсуствува од терените.

Доколку и тој мора да го пропушти Европското првенство тогаш тоа ќе биде голем проблем, бидејќи селекторот Антонио Конте поради проблеми со повреди веќе остана без неколку клучни фудбалери. Надвор од тимот се Клаудио Маркизио, Марко Верати и Рикардо Монтоливо. Италија на Европското првенство ќе игра во групата Е против Велгија, Република Ирска и Шведска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com