HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиПријавете на се новиот турнир во одбојка на плажа организиран од Дурекс

Пријавете на се новиот турнир во одбојка на плажа организиран од Дурекс

Дурекс ќе го организира третиот по ред турнир во одбојка на плажа. Настанот ќе се одржи на 25ти и 26ти јуни во Бекјард лаунџ бар што е дел од скопското средно училиште „Јосип Броз Тито“.

За да се пријавите на овој турнир потребен ви е тим составен од едно момче и една девојка, на возраст од 18 до 30 години. Учеството на вашиот тим може да го најавите на Facebook фан страната Durex Makedonija до 10ти јуни.

Durex Volleyball Match 2016 (1)

Тимовите ќе бидат именувани според продуктите на Дурекс, како што се Jeans, Pleasure Max, Extended Pleasure, Extra Safe, Perfect Glide, Pure Fantasy, Invisible Extra Sensitive и Real Feel. Како дел од настанот, сите учесници ќе добијат и брендирани маици, а за најдобрите тимови во одбојка на плажа ќе следат и вредни награди, таблети, ДВД плеери со караоке и блендери.

Посебни изненадувања од Дурекс ќе има и за навивачите и љубителите на одбојката на плажа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com