HomeДЕНЕШНАРегионПриштина нема да го уапси новинарот по барање на Ердоган

Приштина нема да го уапси новинарот по барање на Ердоган

Прогонот на Ердоган отиде дотаму што тој почна да бара од други земји да затворат или да екстрадираат новинари кои напишале нешто што не му се допаднало на турскиот владетел. Ердоган вчера го побара тоа од соседно Косово. Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, денеска изјави дека вербалната нота на турската Амбасада во Приштина со која се бара преземање санкции против новинарот Берат Бужала е „невообичаена и неприфатлива“.

Како што јави дописникот на МИА, Хоџај додава дека Косово ги почитува слободата на изразување, слободата на печатот и мислењето и смета оти она што го напишал Бужала во врска со обидот за преврат во Турција е „со саркастична содржина и без политички цели“.

– Иако Косово е една една млада и мала држава, сепак има потреба да го чува престижот, гордоста и меѓународниот кредибилитет, да ги штити интересите на своите граѓани, како што е определена да ги зачува добрите односи со пријателските земји – изјави Хоџај за Радио Слободна Европа.

Хоџај ваквите оценки ги даде по вербалната нота на Амбасадата на Турција во Приштина доставена до косовското Министерство за надворешни работи со барање да се преземат казнени мерки против новинарот Бужала, поради неговите сатирични коментари на Фејсбук за неуспешниот обид за воен преврат во Турција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com