HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПритвор за убиецот, нема одговор зошто е застрелан младиот кумановец

Притвор за убиецот, нема одговор зошто е застрелан младиот кумановец

Судот по барање на Кумановското основно обвинителство прифати 30 дневен притвор за Д.Д. осомничениот убиец на 31 годишниот кумановец кој беше пронајден со прострелна рана во слепоочницата и фрлен во бунар покрај црквата Св.Мина во село Добрешане.

Засега мотивите за убиството не се познати, ниту пак како двајцата се нашле на таа локација. Убиениот Б.И. претходно беше пријавен за исчезнат од неговото семејство,а вчера беше пронајдено неговото безживотно тело.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com