HomeДЕНЕШНАПолитикаПритвор за еден осомничен во „Транспортер“ – мерки за обезбедување на присуство на тројца осомничени

Притвор за еден осомничен во „Транспортер“ – мерки за обезбедување на присуство на тројца осомничени

Притвор за едно лице во „Транспортер“ и мерки за обезбедување на присуство за тројца осомничени. Во текот на вчерашниот ден, пред судија на претходна постапка по предлог од СЈО биле изведени и сослушани четири лица. Од Судот најавуваат официјална информација за притворот и за мерките кога ќе бидат сослушани сите осомничени за кои има предлог од СЈО.

Против 11 лица до Основниот Суд во Скопје ќе биде поднесен предлог за определување најстрога мерка за обезбедување присуство во постапката – мерка притвор, поради постоење на сите основи предвидени во членот 165 од Законот за кривичната постапка за определување ваква мерка.

Специјалното јавно обвинителство ќе побара од Судот да бидат поднесени предлози за изрекување мерки против имотот на дел од осомничените и на дел од превозниците како правни лица кои поради кривичните дела стекнале имотна корист, со конкретно барање за забрана за располагање со имотот. Конкретно, ќе биде побарана забрана за располагање со 3 стана, 8 патнички моторни возила и 33 автобуси со цел да биде надоместена предизвиканата шета.

„Вакви мерки ќе бидат побарани и против имотот на градоначалникот на Општина Битола бидејќи помилувањето, како акт на милостина од Претседателот, во овој случај само спрема градоначалникот, не ја опфаќа ниту имотната корист од кривичното дело, ниту штетата што е должен да ја надомести“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com