HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПритворен осомничениот за силување малолетничка во Кочани

Притворен осомничениот за силување малолетничка во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани отвори постапка за сторено продолжено кривично дело, силување. Сторителот, велат од Обвинителство, делото го сторил на 14 јули врз малолетно девојче, кое го принудил на обљуба два пати за кус временски период, со што извршил продолжено кривично дело силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поради стореното Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот. Земајќи ја во предвид запретената казна за ова кривично дело која е најмалку десет години казна затвор, како и сметајќи дека постојат услови за бегство на осомниченото лице, дека е можно да го повтори делото и да влијае на сведоците, обвинителството предложи до надлежниот суд определување на мерка притвор, соопштија од Јавно обвинителство.

Предлогот беше прифатен и со решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од 30 дена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com