HomeАЈНШТАЈНИЈАПристигнува куфер кој ќе го вози својот сопственик!

Пристигнува куфер кој ќе го вози својот сопственик!

Конечно е смислен патнички куфер на кој ќе можете да се возите и на тој начин да му кажете збогум на пешачењето по аеродромите. Како што пренесуваат американските медиуми, моторизираниот куфер „Модобег“ е сигурен за патувања во однос на тоа дека тркалата му се доволно подигнати од подот, а на „возачите“ им е овозможено брзо и ефикасно пристигнување до посакуваното место.

„Модобег“ може да достигне брзина и до 13 километри на час, што е околу три пати побрзо од пешачењето. Куферот содржи и УСБ полнач кој им овозможува на сопствениците во секој момент да ги приклучат своите мобилни телефони на полнење. Колку ова добро да звучи, сепак медиумите предупредуваат дека овој куфер има и недостатоци, почнувајќи од тежината па до цената. Тежината на самиот куфер би можела да претставува посебен проблем на авионските превозници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com