HomeРЕФЛЕКТОРФилмПристигнува документарец посветен на легендарните „The Beatles“!

Пристигнува документарец посветен на легендарните „The Beatles“!

Книги, филмови, Телевизиски и радио програми, есеи и изложби.. уште што веќе не е направено за легендарните „The Beatles“, но новиот документарен филм на Рон Хуард „The beatles: Eight days a week- The touring years“, укажува на тоа дека постојат уште многу факти кои не ни се познати за најголемиот феномен на минатиот век.

Џон Ленон, Пол Мекартни, Џорџ Харисон и Ринго стар заедно го сочинуваа тој феномен на 20 век познат како „The Beatles“, а документарниот филм „The beatles: Eight days a week- The touring years“ ќе ни открие нови детали за оваа легендарна четворка.

Во филмот на Рон Хуард, познат режисер и добитник на Оскар, се истражува патувањето на најпознатиот бенд на сите времиња во периодот од 1963 до 1966 година. Оригинални интервјуа, архивски снимки, настапи во живо и интимни моменти од студиото ги доведуваат гледачите до центарот на случувањата, давајќи го одговорот кој сите сакаат да го добијат: Како изгледало да се биде таму?.

bitlsi-f3

Легендарната група беше и останува да биде вечна инспирација на бројни врвни режисери. Некои од филмовите посветени на легендарните „Битлси“ се: „A Hard Day’s Night“ (1964), Help (1965), „I Wanna Hold Your Hand“ (1978), „Birth of the Beatles“ (1979), „Imagine: John Lennon“ (1988), „Backbeat“ (1994), „Nowhere Boy“ (2009), „Two of Us“ (2009) и „George Harrison“ (2011).

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com