HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПристигна спотот за новата верзија од песната „Where Is the Love“

Пристигна спотот за новата верзија од песната „Where Is the Love“

Големиот хит на групата „The Black Eyed Peas“, „Where Is the Love“ објавен во 2013, а 13 години подоцна добива нова верзија, за жал, поради тажни причини- борбата против вооруженото насилство. Пристигна и спот во кој учествуваат голем број на светски познати лица. Во новиот спот за оваа песна „The Black Eyed Peas“ соработуваат со Мери Џеј Блајџ, Тори Кели, Никол Шерзингер, Ашер и Џастин Тимберлејк.

За снимањето на овој спот помогнале многу луѓе меѓу кои се наоѓаат и лица од семејствата на Алдон Стерлинг и Филандо Кастиља, двајца Афроамериканци кои починале после полициска бруталност. Покрај нив, спотот со свое појавување го поддржаа и Џејден Смит, Ејсеп, Роки, Кендал, Џенер, Ванеса Хаџинс, моделот Вини Харлоу и многу други.

Видео-спотот испраќа силна порака и потсетува дека сме далеку од совршен свет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com