HomeРЕФЛЕКТОРФилмПристигна првиот трејлер за филмот „Wonder Woman“

Пристигна првиот трејлер за филмот „Wonder Woman“

Нешто повеќе од седум децении после излегувањето на стрипот „Wonder Woman“ беше објавен и првиот трејлер за истоимениот филм кој во поход на светските кино-сали ќе започне во јуни 2017 година. Првиот акционен филм за култната стрип-суперхеројка го доби својот прв трејлер кој премиерно беше прикажан на „Комик кон“ во Сан Диего.

Израелската актерка и манекенка Гал Гадот ја игра главната улога во, како што се проценува, идниот блокбастер, а во актерската екипа е и Крис Пајн. Подготовката за улогата воопшто не била необична за поранешната манекенка поради тоа што, како што вели таа, двегодишната служба во Израелските одбранбени сили добро ја подготвиле за шоу-бизнис, но и физички тешки активности со какви се соочила во текот на снимањето на „Wonder Woman“.

Wonder-Woman-f2

„Знаејќи колку луѓето го почитуваат овој лик исклучително ни е важно да се претставиме на вистински начин“, изјави Гадот. Режијата за авантурата која ја донесува приказната за амазонските војници и безсмртната ќерка на Зевс ја потпишува Патриши Пети Џенкинс. Во светските кино-сали „Wonder Woman“ ќе започне да се прикажува од јуни следната година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com