HomeГИГА БАЈТСмартфонПристигна најновиот Android 6.0.1 – Еве што ќе добиете

Пристигна најновиот Android 6.0.1 – Еве што ќе добиете

Оперативниот систем Android овој месец ја добива надградбата Android 6.0.1. Marshmallow со ажурирање, при што најпрви ќе искористат оние што имаат Samsung телефони. Samsung веќе ја објави новата верзија со Galaxy S5 на 21 март, а ажурирањето е сега достапно и за Galaxy Note 5, Galaxy Note 4 и Note Edge, а се разбира, тука се и Galaxy S7/S6 и S7/S6 Edge.

Софтверот е веќе достапен одредено време, но требаше малку време и трпение додека да стигне до сите корисници. Android Marshmallow има промени во корисничкиот интерфејс, но задржува некои од основните опции на Lollipop, како на пример алатките, нијансите од известувањата и навигациите.

Наместо кратенки за јавување кај Lollipop, новата верзија има кратенка за Google гласовно пребарување, што значи дека таа функција е една од најзначајните кај Marshmallow, а сите што ќе го ажурираат софтверот, ќе добијат и безбедносна надградба.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com