HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПристигна и спотот за „Waste a moment“

Пристигна и спотот за „Waste a moment“

Групата „Kings of Leon“ се врати на музичката сцена со песната „Waste a moment“. Станува збор за првиот сингл од нивниот предстоечки албум „Walls“. Песната сега доби и видео-презентација. После виде-најавата за песната „Waste a moment“ момците од групата „Kings of Leon“ побрзаа да им понудал комплетен „производ“ на своите обожаватели.

Видео-спотот е многу динамичен, а во центарот на вниманието се навивачи и полицајци. Албумот кој го најавува оваа песна се очекува да биде објавен на 14 октомври, а неговиот назив е „Walls“, наводно, скратеница од „We Are Like Love Songs“.

Во едно неодамнешно интервју Кејлеб Фолоувил истакнал дека никогаш не биле толку поврзани како бенд, како сега. „Уживаме во она што го работиме, имаме супер однос и надвор од правењето на музика. Многу сме возбудени, повеќе од било кога“, истакна пејачот и фронтменот на групата „Kings of Leon“

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com