HomeДЕНЕШНАСветПринцот Хари после 16 години зборуваше за смртта на принцезата Дајана

Принцот Хари после 16 години зборуваше за смртта на принцезата Дајана

Британскиот принц Хари истакна дека се кае бидејќи порано не зборувал за последиците кои смртта на неговата мајка, принцезата Дајана, ги оставила на него. Петиот во низа наследник на британскиот трон, 31-годишниот принц Хари, изјави дека до својата 28 година воопшти не сакал да зборува за смртта на својата мајка.

Princ-Hari-f2

„Во ред е да страдате, но морате да зборувате за тоа, бидејќи тоа не е слабост. Слабост е кога имате проблем, а го избегнувате неговото решение“, изјави младиот син на принцот Чарлс и покојната Дајана.

Внукот на кралицата Елизабета Втора зборуваше за својата мајка минатата недела кога беше домаќин на добротворна забава за психички заболени лица, на која присуствуваа бројни англиски спортисти.

Dajana,-Hari-i-Vilijam-f1

Принцот смета дека секој може да има психички проблеми, без разлика на тоа дали станува збор за член на кралско семејство, спортист или воено лице. Принцезата Дајана почина во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз, кога Хари имаше 12 години, а неговиот постар брат Вилијам 15.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com