HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПринс се предозирал од лекови против болки

Принс се предозирал од лекови против болки

Популарниот музичар Принс, кој изненадно почина во април, се предозирал од лекови против болки, изјави денес полициски функционер. 57-Годишниот Принс на 21 април беше пронајден мртов во неговата куќа во Минеаполис, во Минесота. Функционерот од полицијата не сакал да биде објавена неговото име, бидејќи не бил овластен да зборува за медиумите.

Принс беше еден од најголемите музичари за време на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, со хитовите како „When Doves Cry“, „Cream“, „Kis“s и уште многу други. Негов најпознат хит е „Purple Rain“, за кој доби Оскар за оригинална песна во истоимениот филм од 1985 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com