HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрилеп во шок: Киднапирана и силувана девојка

Прилеп во шок: Киднапирана и силувана девојка

Во понеделникот наутро во 09.00 часот во ПС-ОН Прилеп, А. Р. (31) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 03.00 часот непознато машко лице извршило обљуба врз неа.

Непознатото лице кое управувало возило непозната марка со битолски регистарски ознаки, ја пресретнало на ул.„11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе во возилото. Девојката се вознемирила и му рекла да си оди и продолжила пеш кон нејзиниот дом.

Сторителот повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре по што се упатил кон периферијата на градот каде извршил обљуба. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција. Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед. ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com