HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПриведени три танчерки во Желино

Приведени три танчерки во Желино

Три албански државјанки се затекнати при акциската контрола на полицијата што изминатата ноќ околу еден часот по полноќ е спроведена во угостителскиот објект „Ерди бос“ во Желино, пренесува МИА. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека во угостителскиот објект, сопственост на З.С.(34), трите албански државјанки на возраст од 22, 24 и 34 години биле ангажирани како танчерки.

– Поради злоупотреба на престојот односно престојување спротивно на целта, трите девојки се приведени и задржани во Полициската станица Тетово по што се предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, изјави Јосифовски.

Паралелно со контролата во Желино, полицијата извршила и контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово при што не биле пронајдени странски државјанки.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com