HomeДЕНЕШНАЕкономијаПриватните претпријатија ќе станат легални во Куба

Приватните претпријатија ќе станат легални во Куба

Кубанските власти планираат да ги легализираат малите и средни приватни претпријатија, што значително ќе придонесе за ширење на приватното претприемништво во една од последните комунистички држави во светот. Кубанската Комунистичка партија соопшти дека во планот за економски и економски развој ќе ја додаде категоријата на мали и средни приватни фирми.

Куба досега признаваше „самовработени” работници, но оние кои ќе се обидеа да основаат мали приватни фирми наидуваа на голем број пречки при нивното работење, бидејќи нивната категорија не беше официјално призната од кубанските власти.

Куба во 2013 година усвои нов закон за работа во кои беа вклучени многу реформи за опоравување на економијата. Со новиот закон се поттикнуваат реформи за слободен пазар, се охрабрува приватниот сектор и вработувањето, како и нови регулативни норми за плаќање по час, плаќање на прекувремената работа и пензии за вработените во приватните фирми.
kuba sad
Минатата година, Куба ги обнови односите со САД и почна процес на отворање на границите за странските инвеститори.

Ова е резултат на политиките на Раул Кастро кој го презеде раководството на земјата од својот брат Фидел во 2008 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com