HomeДЕНЕШНАСкопјеПриватните превозници ќе го истепаа раководството

Приватните превозници ќе го истепаа раководството

Приватните превозници револтирано и агресивно се соочија со раквоодството на „Слобода превоз“ бидејќи сега им се наметнува обврска да платат до 5000 евра за инсталирање на електронските системи за наплата на билети во нивните автобуси.

Пред почетокот на средбата еден од превозниците за малку и физички ќе го нападнеше Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“ од каде велат дека договорот е направен со Град Скопје и од него произлегуваат сите обврски за возачите на приватните автобуси.

privatni avtobusi

Превозниците велат дека ги манипулираат за износот на сумите за електронските апарати, за нивната инсталација и активирањето на целиот систем кој за нив ќе биде задолжителен од 1 септември за да биде унифициран со ЈСП. Затоа ќе бараат средби и со Град Скопје, а можни се и протести.

Извор: alsat.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com