HomeДЕНЕШНАСкопјеПриватните автобуси дури од јануари со електронски билети

Приватните автобуси дури од јануари со електронски билети

Приватните превозници успеаја да го одложат воведувањето на системот за електронска наплата во нивните автобуси, откако нивното барање беше прифатено од Советот на градот Скопје. Рокот за воведување на електронски билети во приватните автобуси во градскиот превоз во Скопје е одложен до јануари следната година.

Одлуката за одложување е донесена поради големите материјални штети што дел од приватните автобуси ги претрпеа во невремето, приватните превозници побараа одложување на имплементацијата на новиот систем. Електронската наплата во приватните автобуси се одложува за 1.1.2017 година. Во автобусите на ЈСП, пак, хартиените билети ќе се укинат на први септември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com