HomeДЕНЕШНАПолитикаПретседателот Иванов се спаси од импичмент

Претседателот Иванов се спаси од импичмент

Со 35 гласа „за“ и со 47 „против“, без воздржани, отфрлен е предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, за кој пратениците расправаа во пет продолженија.

За предлогот да биде прифатен и да се поведе постапка за утврдување одговорност на претседателот, потребно беше двотретинско мнозинство, односно 82 од 123 пратеници да гласаат за разрешување на Иванов од функцијата претседател.

Во расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека иницијативата на опозицијата е неоснована, а од СДСМ и од ДУИ изразија став дека претседателот мора да сноси одговорност за помилувањето на 56 лица, функционери и нивни соработници, и дека треба да си поднесе оставка. Претседателот Иванов, на претседателските избори во 2014 година, освои 534.910 гласови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com