HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПретепан жител на Центар Жупа, тројца дебарчани се приведени

Претепан жител на Центар Жупа, тројца дебарчани се приведени

Инцидентот се случил вчера попладне околу 13 часот, во општина Центар Жупа, додека педесет и седумгодишниот жител на оваа општина седел на тераса од ресторан.

Тројцата дебарчани дошле со автомобил „голф 4“, почнале да го удираат со тврди предмети по главата и телото, по што нападнатиот паднал во бессознание.

Потоа го ставиле во багажникот од патничкото возило и го однеле покрај брегот на Дебарско Езеро, каде повторно го тепале и го оставиле.

Повредениот од страна на полициски службеници е пронајден со видливи повреди по главата и целото тело.

Во ПС – Дебар приведени се горенаведените лица, за настанот известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com