HomeДЕНЕШНАСветПресуда во корист на ЕУ, Русија изгуби

Пресуда во корист на ЕУ, Русија изгуби

Светската трговска организација пресуди во корист на ЕУ во спорот околу царината која Русија ја вовела на увозот на некои земјоделски и индустриски производи од ЕУ.

Комисијата на СТО утврдила дека 11 од 12 мерки кои ги оспорила ЕУ не се во согласност со обрвските кои Москва ги презела како членка на СТО, а со кои е предивидено дека нема да применува поголеми царини од оние кои се веќе утврдени во документите за пристапување во таа организација, пренесува АП. Меѓу производите кои се погодени со високи царини на Русија се палмино масло, хартија и фиржидери, наведува американската агенција.

Ова е и првата пресуда на СТО која се однесува на Русија откако таа земја во 2012 стана членка на трговската организација. ЕУ овој случај го покрена во октомври 2014, а спорните царини претежно се воведени во период на зголемени тензии помеѓу Западот и Русија поради украинската криза. На пресудата на СТО, како што пренесува агенцијата Ројтерс, може да вложи жалба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com