HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПресврт! Тандемот Жиру-Гризман ги одведе домаќините во четвртфиналето на ЕВРО 2016

Пресврт! Тандемот Жиру-Гризман ги одведе домаќините во четвртфиналето на ЕВРО 2016

Фудбалерите на Франција успешно се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство откако денес после пресврт ја победија Република Ирска со 2:1. Французите до оваа победа стигнаа после голем пресврт со погодоците на Гризман во 58 и 61 минута, а Ирците претходно поведоа преку пенал уште во втората минута од натпреварот.

Треба да се истакне и дека Ирците натпреварот го завршија со десетмина, бидејќи Дафи заработи заслужен директен црвен картон. Франција во четвртфиналето сега ќе го чека подобриот во натпреварот меѓу Англија и Исланд.

Франција победа 2

Натпреварот започна шокантно за домаќините бидејќи уште во втората минута Погба го сруши Лонг во сопствениот шестнаесетник при што беше досуден пенал за Ирска. Одговорноста за пеналот ја презеде Брејди и успеа да го совлада Хуго Лорис. Французите очекувано ја преземаа контролата на натрпеварот и го префрлија тежиштето на играта на другата половина, но Ирците одлично се бранеа.

Од далечина се обидуваа Гризман и Погба но нивните удари беа непрецизни. Во финишот на првиот дел Ирците имаа голема шанса да ја зголемат предноста, откако после прекин Дафи шутираше со глава, но топката одеше за малку покрај голот.

Франција победа 3

На полувреме Дидие Дешамп направи многу важна измена во тимот и формациска промена, влезе Коман на местото на Канте, па Французите во вториот дел играа во формација 4-2-3-1, Гризман влезе во средината зад Жиру, додека по крилата дејствуваа Паје и Коман.

Токму таквата одлука се покажа и како вистинска, бидејќи во 58 минута Сања упати одличен центаршут од десната страна, а Гризман се најде на вистинското место и со глава го совлада Рендолф за израмнување.

Франција победа 4

Само три минути подоцна, Франција направи целосен пресврт, Жиру ги надскока дефанзивците на Ирска и маестрално со глава му додаде на Гризман кој се најде во зицер позиција од која лесно стрелаше за 2:1.

Франција победа 5

Мартин О’Нил не се предаваше, набргу направи и три измени во игра влегоа Вотерс, Ошеј и Хулахан, но промена во однос на резултат не се случи. Французите го спуштија темпото, го преземаа поседот на топката и го сочуваа резултатот. До крајот на натпреварот Ирска остана и без еден фудбалер, а Французите имаа уште неколку шанси преку ново влезениот Жињак, Коман и Гризман да дојдат и до поубедлив триумф, но на крајот тоа не се случи и остана резултатот од 2:1 за победа и четвртфинале на домаќините.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com