HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПресврт на Англија, Стариџ го сруши велшкиот бункер во продолжението!

Пресврт на Англија, Стариџ го сруши велшкиот бункер во продолжението!

Репрезентацијата на Велс имаше бод во џебот се до 92 минута од натпреварот, но Даниел Стариџ успеа да го совлада Хенеси и да и донесе три големи поени на „Гордиот Албион“ со кои вратите кон нокаут фазата и се широко отворени. Англија го наметна својот ритам уште од самиот старт на натпреварот, првата голема шанса ја создаде уште во седмата минута, кога Рахим Стерлинг промаши чист зицер.

Стерлин-промашување

Англичаните го продолжија притисокот, но Велс одлично се држеше во дефанизвниот дел и најголема закана за Хенеси доаѓаше при прекини. Гери Кејхил, Руни, Кејн и Смолинг имаа прилики да го загрозат неговиот гол, но безуспешно. Англија беше и оштетена поради недосуден пенал во самиот финиш од првото полувреме кога топката го погоди во рака Бен Дејвис во шестнаесетникот на Велс, за потоа на три минути пред да се означи крај на првиот дел Велс да постигне погодок.

Герет Бејл одлично шутираше од слободен удар на оддалеченост околу 30 метри, Џо Харт катастрофално интервенираше и топката заврши во мрежата на Англија.

Џо Харт

Рој Хоџсон на полувреме направи две измени, на местата на Кејн и Стерлинг во игра влегоа Даниел Стариџ и Џејми Варди и тоа многу бргу вроди со плод. Англија продолжи со нападите, а нивниот „бункер“ конечно го сруши ново влезениот Варди израмнувајќи го резултатот на 1:1. Англичаните не се задоволија со израмнувањето, продолжиле да напаѓаат со сите сили, за после неколку минути после постигнатиот гол на Варди топката повторно да го погоди Дејвис во рака во шестнаесетникот, но Брих повторно не покажа на белата точка.

Варди

Во 73 минута од натпреварот Хоџсон на местото на Лалана во игра го внесе Рашфорд со што со сите сили го нападна голот на Хенеси. Таквиот пристап се исплати во судиското надополнување, кога Даниел Стариџ е претвори во херој и постигна погодок за конечни 2:1. Ќе биде многу интересно во завршното коло од групата Б, бидејќи сите репрезентации имаат шанса за да поминат понатаму. После второто коло Англија има 4 поени, Велс 3, Словачка 3 и Русија 1 поен.

Стариџ-2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com