HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПресврт, дали ова ќе биде новата „деветка“ на Барселона?

Пресврт, дали ова ќе биде новата „деветка“ на Барселона?

Габриел Хесус е блиску до трансфер во Сити, па Барса своето внимание го сврте кон нов Бразилец. И него ќе можеме да го гледаме на Олимписките игри во Рио, во прашање е Луан, напаѓачот на Гремиј. Оваа „деветка“ беше на мета на Лестер, меѓутоа Бразилците веќе го продадоа Џулиет на Зенит и одбија да преговараат со англискиот шампион. Ни самиот фудбалер немаше некој интерес за овој трансфер, но повикот од Барселона ги промени нештата.

Цената на Луан изнесува 20 милиони евра. Важно е да се истакне дека нема посредници, ниту пак договорот според кој парити би ги делеле клубот, семејството и менаџерите. Ситуацијата е далеку почиста во однос на Габриел Хесус познат како „Габигол“ кој исто така се наоѓа на мета на бројни европски гиганти.

Токму поради тоа Алберт Солер ќе замине во Бразил на преговори, а спортскиот директор ќе се обиде за време на Олимписките игри да ја заврши работата. Она што треба да се истакне е дека Луис Енрике веќе некое време е во потрага по класичен напаѓач, со цел да пронајде соодветна замена за Луис Суарез.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com