HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПресврт: Борусија купува од Баерн?

Пресврт: Борусија купува од Баерн?

Последните неколку години по правило Баерн беше тој кој пазареше фудбалери од Борусија Дортмунд, но предстоечкото лето ситуацијата би можела да се промени. Марио Геце, Роберт Левандовски и Матс Хумелс беа фудбалерите кои жолто-црниот дрес го менуваа со црвено-бел. Меѓутоа, Борусија сега е заинтересирана за фудбалер на Баерн Минхен, а како што пренесуваат германските медиуми Себастијан Роде би можел да стане нов член на „Милијардерите“.

Германските медиуми пренесуваат дека преговорите се во тек и дека трансферот на 25-годишниот фудбалер за врска би можел да изнесува околу 8 милиони евра. Роде пристигна во Баерн во 2014 година од Ајтнрахт, но минатата сезона беше во сенка кај Пеп Гвардиола, па одигра 17 натпревари и постигна еден погодок. Покрај Борусија, за него интерес покажаа и Наполи, Волфзбург и Херта.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com