HomeДЕНЕШНАРепубликаПрепораки за топлото време во април – температури до 32 степени

Препораки за топлото време во април – температури до 32 степени

Повисоките температури за овој период од годината, ненадејната изложеност на поинтензивна топлина слична на температурите во јули и во август, без претходна постепена адаптација, може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица, предупредуваат од Министерството за здравство, од каде што издадоа препораки за граѓаните.

За да не дојде до посериозни проблеми од Минстерството за здраство препорачуваат  да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сонце, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Според најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре целата територија на државата ќе биде зафатена со температури повисоки од вообичаените за овој период од годината, кои ќе се движат во интервал од 25 до 32 степена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com