HomeАНТИСТРЕСГурманПрепорака за прекрасен посен десерт – медено срце

Препорака за прекрасен посен десерт – медено срце

 

Прекрасен посен десерт за денес или утре. Се што е од чоколадо е преубаво и префкусно, но и мармаладот е доста посакуван кај луѓето.

Состојки за овој посен десерт:
250ml минерална вода
120ml масло
200g кафеав шеќер
1 лажица мармалад од кајсија
250g брашно
3 лажици какао
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет

За премачкување на колачот:
3 лажици мармалад од кајсија

Глазура:
100g темно чоколадо
2 лажици масло

Како се подготовува:

Во поголем сад ставете ја минералната вода, маслото, шеќерот и една лажица мармалад. Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот и додадете ја течната смеса. Мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки.Турете ја смесата во подмачкан сад за печење со големина околу 25 х 25cm и печете 25 минути во загреана рерна на температура од 200°C. Додека колачот е жежок премачкајте го со мармалад. За крај, на тивок оган стопете го чоколадото со 2 лажици масло и со тоа премачкајте колачот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com