HomeДЕНЕШНАСветПремиерот на Исланд си поднесе оставка

Премиерот на Исланд си поднесе оставка

Премиерот на Исланд Сигмундур Гунлаугсон си поднесе оставка откако пред два дена беа објавени податоци дека е сопственик на офшор компанија, пренесува BBC. Ова е првата оставка на некој официјален државен претставник по објавувањето на милиони документи во новинарскиот потфат познат како „Panama Papers“.

Откако беше објавено дека премиерот, заедно со сопругата, преку офшор компанија сокрил милиони, илјадници граѓани излегоа на протести пред парламентот барајќи негова оставка. Премиерот денеска побара дозвола од Олафур Рагнар Гримсон, претседател на државата, дозвола за распуштање на Владата и распишување на предвремени избори, а потоа ја поднесе и оставката.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com