HomeСТУДЕНТУМПреку отворен ден Француското Интернационално училиште ќе ги прими сите заинтересирани ученици и нивни родители

Преку отворен ден Француското Интернационално училиште ќе ги прими сите заинтересирани ученици и нивни родители

Француското Интернационално училиште во Скопје утре, 20ти април во 08.30 часот ќе ги отвори вратите за сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик.

Пролетното утро ќе го започнат со појадок составен од вкусни француски кроасани, палачинки и чоколадно млеко. Програмата ќе содржи квиз на знаење на тема рециклирање и како да ја заштитиме животната средина како и приготвување на здравиот ручек заедно со нутриционистот Надица Илиевска.

Academia Recreativa на децата ќе им одржи салса часови по танцување на француска музика збогатено со зумба дружење. Додека за родителите ќе следи официјална презентација на училиштето, децата ќе се забавуваат со принцезите и хероите од познатите цртани филмови.

„Нашето училиште нуди едукација според програмата на Министерството за образование на Република Франција од каде и е акредитирано. Целата настава се изведува на француски јазик, додека пак македонскиот како и англискиот јазик се изучуваат по 5 часа неделно. За сите можности кои ги нуди Француско Интернационално училиште ги поканувам сите родители да дискутираме на Отворениот ден “ – вели Себастијан Шевале, директор во училиштето.

Наставата ја водат професори од Франција, високообразовани, динамични и професионални со долгогодишно искуство во тамошниот образовен систем. Во воспитно-образовниот процес преовладува индивидуалниот пристап.

Француското Интернационално училиште издава свидетелства признати насекаде во светот, исто како ученикот своето образование да го завршил во Република Франција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com