HomeДЕНЕШНАЕкономијаПред полноќ… Буџетот помина на Влада

Пред полноќ… Буџетот помина на Влада

Владата го усвои предлог буџетот за 2017 година. 45 минути пред полноќ министерот за финансии Кирил Миновски ги соопшти деталите. Се очекува економски раст од 3 %. Владата догодина ќе го троши најтешкиот буџет во историјата од 3.3 милијарди евра. Претходно денеска беше усвоен и вториот ребаланс на буџетот за оваа година. Министерот Миновски на новинарско прашање, зошто толкку доцна во ноќта се носи буџет, одговори дека утре е на службен пат, па морало да се донесе вечерва, пред полноќ.

Инаку, донесувањето на буџет за наредната година пред претстојните избори би бил нелегитимен буџет бидејќи економската политика треба да ја скрои оној кој ќе добие најмногу гласови, во многу наврати оценија економистите. Дополнителниот заменик министер, Кире Намумов, предложи модел на времено финансирање наместо носење буџет пред избори. Тоа не се случи и денеска, во еден ден, беа протуркани и ребалансот на овогодинешниот и буџетот за наредната година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com