HomeДЕНЕШНАПолитикаПредизборната кампања започна, овојпат без традиционалниот митинг од Охрид

Предизборната кампања започна, овојпат без традиционалниот митинг од Охрид

http://media.ohridnews.com/vesti/2015/05/18/84001/miting680.jpg

Новонастанатата ситуација за  изборите на 5 јуни не е вообичаена, па така и предизборната кампања на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која традиционално започнуваше од Охрид, овојпат изостана.

„Во нормални услови кампањата  би ја почнале со голем митинг во Охрид. Сега, со оглед на целокупната ситуација, бидејќи и не може да се нарече кампања, активностите  се сведуваат на активности на терен и директни контакти со граѓаните, нешто што постојано се прави“, ни изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Изборниот штаб на партијата од поодамна е утврден, и со него, како и досега ќе раководи актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров. Засега не  размислуваат за кампања со билборди, телевизиски спотови и реклами, но не е исклучена можноста да се договорат подоцна.

Денеска, на денот кога според законските рокови, почнува изборната кампања, Брисел се огласи со став дека нема ни минимум услови за одржување на избори и дека нема да ја признае владата што ќе произлезе од изборите.Но, во ВМРО-ДПМНЕ остануваат на позицијата дека се против бојкот на изборите и тврдат дека за нив е неспорно оти не сакаат такви избори и победа, без противник. Сепак, како што велат, граѓаните го даваат легитимитетот. ЕУ, според нив, може да не го признае целиот процес, но зошто да не ги признае резулатите, ако нема никакви инциденти при гласањето.

„Сакаме победа која што ќе биде признаена, бидејќи, како што секогаш нагласуваме, ова не е излез од кризата. Ова и за нас не е посакуван исход, да одиме сами на избори. Сакаме избори и победа на избори со опозицијата“, додаваат од партијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com