HomeДЕНЕШНАПолитикаПреговорите продолжувааат, Бејли со нова „интересна идеја“

Преговорите продолжувааат, Бејли со нова „интересна идеја“

Денеска продолжуваат преговорите на работните групи од четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, со цел да се реши единственото преостанато спорно прашање – ингеренциите на Министерот за внатрешни работи во преодната Влада.

Во резиденцијата на американскиот амбасадор, Џес Бејли на Водно синоќа договор не беше постигнат. Претставниците на партиите не дадоа никакви изјави, а Бејли рече дека има интересен предлог и се надева дека договор ќе се постигне до крајот на неделава.

Што е интересно во барањето или во разгледувањето на идејата како да се вратат полните ингеренции на Министерот за Внатрешни работи, засега останува нејасно.

На средбата денеска повторно ќе присуствуваат Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com