HomeДЕНЕШНАСкопјеПревртено комбе, обиколницата привремено затворена

Превртено комбе, обиколницата привремено затворена

Утрово се случи тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница при што комбе се преврте откако удрило во камион, а се преземаат мерки за утврдување на причините за сударот. Привремено обиколницата е затворена и сообраќајот се пренасочува.

Инаку, според извештајот на АМСМ сообраќајот на останатите патни делници се одвива непречено и се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com