HomeДЕНЕШНАПолитикаПрв ден без контра-протест, ја одбранија ли веќе Македонија

Прв ден без контра-протест, ја одбранија ли веќе Македонија


ГДОМ денеска не одржа контра-протести за прв пат откако граѓанската иницијатива „Протестирам“ излезе на улица против одлуката за општа аболиција на претседателот Иванов. Денес немаше контра-протест на ГДОМ ниту на членството на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ откако еуфорично во изминатите денови се најавуваа реки на народ кои упатуваа пораки против СДСМ, против аболицијата на Заев од која патем тој јавно се откажа, како и за барање опозицијата да прифати да учествува на изборите на 5 јуни.

Од повеќе невладини организации деновиве пристигнуваа извештаи за притисоци врз административците кои наводно преку СМС пораки се мобилизираат за протести на Бихаќчка.
12986768_1318228608192929_1817297294_o
Неизлегувањето на контра-протест многумина го оценуваат како фијаско особено по заканувачките пораки дека ќе ја бранат Македонија од соросовите хулигани, од предавниците и странските платеници.

Дали тоа значи дека веќе ја „одбраниле“ државата или пак веќе не може така лесно да го натераат членството да излезе на улица кое во изминатите денови доаѓаше организирано со автобуси пред се од внатрешноста на Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com